Вонредна вест: Притворен е Сашо Мијалков

Вонредна вест: Притворен е Само Мијалков. Пред десетина минути е земен од пред Мериот хотел. Непроверено е сеуште но се слуша голема галама. Како што дознаваме од полициски извори се сомневале дека и Сашо се подготвува за бегство.
Со лисици на рацете е однесен кон истражниот затвор во Шутка… Определен му е по барање на СЈО 30 дневен притвор… Притворот на Мијалков е одобрен од судот неколку часа откако осудениот експремиер Никола Груевски се пофали на Фејсбук дека добил политички азил во Унгарија откако минатиот викенд избега од земјава преку Албанија и побара дипломатска помош од Унгарија. Наскоро со повеќе информации. Останете со нас.

Информацијата за притворање ја потврди претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.