Вонредна вест: Шампионите ќе дојдат порано, Вардарци слетуваат во 16 часот- потврдија навивачите

Наместо како што беше претходно најавено, односно во пет минути до полноќ, експедицијата на ракометарите на Вардар ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје во 16:15 часот.
Промената доаѓа откако е организиран чартер лет за новите европски шампиони.Пречек ќе има и на аеродром и потоа на плоштадот „Македонија“.


„Сепак ќе има промени!
Шампионите ќе дојдат порано денес со Чартер лет дирекно Келн-Скопје, и треба да слетаат околу 16:00ч. на Аеродромот Александар Велики. За кратко детали“, стои во најновата објава на Комити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.