Вонредна временска прогноза: врнежи, грмежи и ветер

Заради тоа што атмосферата се повеќе се загрева и е многу спарно и тешко од утре следува период на доста нестабилно време што значи дека во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе растат и условите за поинтензивни атмосферски процеси кои ќе бидат во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните температури на воздухот ќе бидат многу високи и насекаде ќе се искачуваат над 20 степени додека во следните денови во најтоплите региони од државава истите очекуваме да се искачат до околу 30 степени.
Поради локално поинтензивните атмосверски процеси има услови и за позначително количество на воден талог за кратко време со што можни се и локални поплавувања. Граѓаните во случај на појава на електрични празнења да бидат крајно претпазливи, односно да не стојат на отворен простор и под осамени дрвја. Овчарите со цел да ги заштитат своите овци  да ги делат во помали групи.
Со оглед на тоа дека во следните неколку денови ќе се врши уште поголем транспорт на прашина и на песок од Сахара дождот кој што ќе врне ќе биде многу помешан со истата.а
Мачното и спарно време многу лошо ќе влијае на граѓаните, кај поголем дел ќе се јават значителни мачнини односно главоболки, поспаност и лошење. Ова особено се однесува за метеопатите и возрасните луѓе, како и кај оние со проблеми со притисокот па така добро би било да се посоветуваат со својот лекар. Ув индексот следните денови ќе има висока вредност и ќе достигне коефициент 7.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.