Вонредна временска прогноза: Кон Македонија доаѓа невреме

Топло, но нестабилно време со пороен дожд, најавува УХМР за денеска попладне и утре. Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурата денеска ќе достигне максимални 33 степени. Во деновите од викендот ќе достигне 36, а во понеделник 38 степени Целзиусови.
Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд. Дневните температури ќе бидат во интервал од 27 до 36 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: