Од недела попладне и навечер па во текот на следната недела нашата територија повторно ќе подпадне под влијание на исклучително нестабилна и влажна воздушна маса која на многу места ќе условува поројни врнежи од дд, грмежи и засилен ветер.
Атмосферата ќе биде многу исполнета со енергија па така локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог кое може да доведе до поплавувања, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град кој има услови да биде и од поголема величина (покрупен). Максималните дневни температури на воздухот од понеделник ќе бележат тенденција на мал па и истите ќе се искачуваат во интервалот претежно од 25 до 34 степени што значи и понатаму останува топлото но и спарно време.
Метеорологот Попоски предупредува: Од недела попладне и навечер условите за силни електрични празнења и тоа како ќе се зголемат па токму поради тоа ве советуваме во случај на појава на силни електрични празнења во никој случај да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така додека траат силните електрични празнења домашните апарати да се исклучуваат, исто така да се избегнува разговор на мобилните телефони доколку сте надвор.