Вонредна метео најава: Силно невреме ќе го зафати регионот

За време на претстојната ноќ северозападните и северните предели од Балканот ќе бидат зафатени од изразено нестабилна и влажна воздушна маса и тоа поради судир на две воздушни маси (топлата од југ и значително посвежата од север), информира метеорологот Славчо Попоски. Словенија, Босна и Херцеговина како и Србија во следните часови и тоа особено доцна навечер ќе ги зафати силно невреме на повеќе места проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови опасност од локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења како и појава на град и тоа од поголема величина (покрупен).
Македонските државјани, но и оние кои од Македонија во следните часови ќе патуваат кон споменатите држави од соседството во пресрет на силното и олујно невреме да бидат претпазливи и да внимаваат каде се движат, предупредува Попоски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.