Вонредна најава: Спремете се за силно невреме со град и грмежи

Умерено до значително облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе имаме до доцна вечерва. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Во Скопската котлина ќе продолжи да биде ветровито со засилен северен ветер, а до крајот на денот ќе има и појава на пороен дожд и грмежи.


Времето утре променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од14 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.
Во Скопје променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер.Температурите меѓу 18 / 28 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.