Вонредно метео: Очекувајте заладување и врнежи од снег

Денес попладне почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, предупредуваат од УХМР.
Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата, па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.
Утре времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег.
Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см.
Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.