Добро познато е дека ТВ водителката Лила Филиповска е најуспешната македонска инфлуенсерка на Инстаграм.
Токму оваа секундарна нејзина бизнис активност и овозможува многу соработки, поволности во секојдневието и секако заработка.
Неодамна поради маркетиг претставување на хотелите во Турција, таа престојуваше и ги презентираше едни од најдобрите хотелски понуди за претстојното лето.
Иако е постројано зафетена и надвор од дома како што и наложува работата, Лила размислува домаќински, неодамна се пофали дека почнала и сака да готви, ама како и многумина реши да направи пролетни промени во својот дом, односно да реновира.
Промените во домот секогаш носат свежина и позитивна енергија, па Лила се реши да викне мајстори и да направи нов декоративен ѕид во дневниот простор.
Делумно покажа креативен хаос, но и како ќе изгледа промената од која како што опиша била воодушевена. Ситни коцкички во брознезно златна нијанса, кои веројатно се хит во уредувањето.