ВООРУЖЕНИ СИЛИ НА НИГЕР ЗАЗЕМААТ ПОЗИЦИИ ОКОЛУ ГЛАВНИОТ ГРАД: Се подготвува напад на од 25.000 војници.

Нигерија би можела да обезбеди повеќе од половина од 25.000 војници за потенцијална инвазија на Нигер.

ВООРУЖЕНИ СИЛИ НА НИГЕР ЗАЗЕМААТ ПОЗИЦИИ ОКОЛУ ГЛАВНИОТ ГРАД: Се подготвува напад на од 25.000 војници.
  • Нигерија се уште е решена да биде движечка сила на операцијата и ќе обезбеди повеќе од половина од војниците доколку е потребно – соопшти француската радио станица RFI, повикувајќи се на неименуван нигериски функционер.

Забележано е дека планот за интервенција предвидува учество на контингент од 25.000 лица. Според RFI, војската од Сенегал, Бенин и Брегот на Слоновата Коска, исто така, би можела да учествува во инвазијата.

Претходно ТВ каналот Ал Арабија објави дека бунтовниците во Нигер објавиле дека странска држава се подготвува да изврши инвазија на нејзина територија, но не беше прецизирано за која земја станува збор. Новинската агенција АНП подоцна објави дека според бунтовничките сили во Нигер, двете централноафрикански држави започнале прелиминарно прераспоредување на силите за воена операција против нивната земја.

Вооружените сили на Нигер, наводно, донеле засилување во главниот град Ниамеј за да се подготват за воена интервенција. Воен извор ја потврди информацијата за Си-Ен-Ен само неколку часа откако воената хунта која владееше со земјата одби да го испочитува рокот на влијателниот регионален блок да ја врати власта на соборениот претседател Мохамед Базум.

Конвој од околу 40 камиони пристигна во главниот град во неделата доцна навечер, носејќи војници од другите делови на земјата за да ја смират вознемирената јавност и да се подготват за потенцијална битка.

Лидерите на воената хунта што го собори претседателот на Нигер го затворија воздушниот простор на земјата до понатамошно известување во понеделникот, бидејќи соседните земји се заканија со воена интервенција доколку не ја предадат власта.

Нигер е зафатен од политички хаос од крајот на минатиот месец, кога претседателот Мохамед Базум беше соборен со државен удар од претседателската гарда.

Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) неколку дена подоцна реагираше со воведување санкции и поставувајќи ултиматум до владејачката воена хунта да се повлече во рок од една недела или да се соочи со потенцијална воена интервенција.

Нејасно е што ќе се случи по тој рок.

Водачите на ECOVAS велат дека претпочитаат да најдат дипломатско решение за кризата, но велат дека се подготвени да прибегнат на сила како последна опција за да ја вратат на власт демократски избраната влада на Нигер.

Во четврток блокот треба да одржи состанок за ситуацијата

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.