Војводи Тетово со прослава која ќе ја паметат генерации (ФОТО и ВИДЕО)

Навивачката група Војводи слави 30 години од нејзиното постоење. Денешниот ден го искористија за голема прослава која беше низ тетовските улици и маала. Неколку генерации се сменија во оваа култна навивачка група, која впрочем е една од најбројните во Република Македонија. 30 години навивачката група Војводи од Тетово го поддржува фудбалскиот клуб Тетекс. Беа лојални на својата љубов и кога клубот имаше успеси но и кога клубот беше на дното на лигашките табели. Навивачите на Војводи секогаш беа посветени и даваа поддрша на Македонските репрезентации во фудбал, кошарка, ракомет. Исто така навивачката група Војводи често организираше хуманитарни настани, крводарителски акции, финансиска и материјална помош на тие кои им беше потребна. Овој ден ги обедини многу генерации, кои се сетија на најдобрите времиња од постоењето на навивачката група. олем прој граѓани излегоа на нивните прозори и тераси за да ги поздрават, некои се симнаа да им се приклучат во прославата. Војводи слават, нека им е честит јубилејот, уште многу години навивање, уште многу успеси за ФК Тетекс.

https://www.facebook.com/karapetrov.angel/videos/10210301829021202/?t=4

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.