Војната ескалира: Погодена нуклеарна централа во Иран, цената на Брентот 111 долари, цената на ВТИ 98 долари по барел

Војната со Иран влегува во нова, поопасна фаза, додека тензиите на Блискиот Исток растат, а дипломатските напори меѓу САД и Техеран остануваат без значителен напредок. Воените операции се интензивираат, а ризикот од поширок регионален конфликт станува сè пореален.

Израел најави засилени напади, додека заедничките американско-израелски операции веќе погодиле клучни цели. Последиците се драматични – илјадници жртви, десетици илјади повредени и масовно раселување, особено во Либан.

Клучна точка на кризата е Ормутски теснец, витална артерија за светската трговија со нафта. Нарушената пловидба низ теснецот веќе предизвикува сериозни турбуленции на глобалните пазари и нагло зголемување на цените на енергенсите.

Пред малку Израел погоди нуклеарен капацитет во Иран, цената на барел брент е 111 долари, а цената на ВТИ е околу 98 долари.

И покрај најавите за можни разговори преку посредници, позициите на страните остануваат цврсти. Иран не покажува подготвеност за отстапки, додека САД продолжуваат со политички и воен притисок – сценарио што ја намалува шансата за брз дипломатски пробив.

Во меѓувреме, ефектите веќе се чувствуваат глобално: растечките цени на нафтата отвораат нов ризик за економска нестабилност, а аналитичарите предупредуваат дека продолжувањето на кризата може да предизвика уште подлабоки потреси на светските пазари.

Пронајдете не на следниве мрежи: