Американската војска уби еден од водачите на сирискиот огранок на Ал Каеда, Хурас ал-Дин, огранок кој најави дека се распушта, објави денеска командата на американската војска за Блискиот Исток (Centcom).– На 30 јануари, силите на ЦЕНТКОМ извршија прецизен напад во северозападна Сирија, каде што го гаѓаа и го убија Мухамед Салах ал Забир, висок член на терористичката организација Хурас ал-Дин, поврзана со Ал Каеда – се вели во соопштението објавено на X платформа.САД, чија војска е распоредена во Сирија како дел од меѓународната коалиција создадена во 2014 година за борба против џихадистите на Исламската држава, редовно извршува напади во земјата.
أعلنت القيادة المركزية الأمريكية (CENTCOM) في بيانٍ رسمي عن تنفيذ غارة جوية دقيقة يوم 30 كانون الثاني في شمال غرب سوريا، استهدفت القيادي في جماعة حراس الدين المرتبطة بتنظيم القاعدة، محمد صلاح الزبير ووفقًا للبيان، أكدت القوات الأمريكية نجاح العملية في تحييد “الزبير” الذي وصفته… pic.twitter.com/iDEfPpXm0H— Halab Today TV قناة حلب اليوم (@HalabTodayTV) January 31, 2025
Малата џихадистичка група Хурас ал-Дин, сирискиот огранок на Ал Каеда, неодамна објави дека ќе биде расформирана, додавајќи дека одлуката ја донела по падот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Групата е на американската листа на терористички организации.Бунтовничката коалиција предводена од радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам ја презеде власта во Дамаск откако го собори Асад на 8 декември. Новите сириски власти најавија дека сакаат распуштање на сите вооружени групи.Хурас ал-Дин, кој вклучува странски џихадисти, се наоѓаше во планинските области на северозападна Сирија, кои беа упориште на бунтовниците пред да ја преземат власта во Дамаск.



