Војската се распореди во Прилеп

Војската се распореди во Прилеп

Од раните утрински часови во Прилеп војската се распоредија пред сите поголеми маркети и експозитурите на банките за да прават ред кај граѓаните. Деновиве пред овие објекти имаше огромни гужви и турканици.

Асистенцијата на армијата е побарана од страна на градоначалникот. Денеска има нов смртен случај во Прилеп од КОРОНА ВИРУСОТ. И уште неколу новозаразени.

„Присуството на армијата граѓаните не го почувствуваа како страв, туку напротив како загриженост на армијата, затоа доаѓа на помош, како безбедност и сигурност. Граѓаните на Прилеп мора, малку ќе бидам вулгарен, да се превоспитаме, затоа што ништо не доаѓа од надвор, се е од внатре и ако успееме од внатре да почитуваме и да ги спроведиме мерките ќе биде помалку ризично. Да не му падне на памет на некои од компаниите што се затворени да отворат, без да добијат дозвола од надлежните служби“, изјави за медиумите Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.