Во авионите ќе стоиме како во градските автобуси?

Патниците наскоро би можеле да „стојат“ во авионите доколку се остварат желбите на авиокомпаниите кои планираат за пократки линии да ги тргнат седиштата на италијанскиот произведувач „Авионтериорс“.
На овие седишта патниците се уште би седеле, но како каубој на коњ или како да возат велосипед. Американската авијација веќе одобрила вакви седишта со облажение дека „каубоите можат во таква положба да јаваат со часови“. Бидејќи овие седишта се двојно полесни од стандардните во економска класа, многу авиокомпании сериозно ја разгледуваат оваа идеја.


Патниците би биле потпрени во полуседечка позиција. Тоа значи дека во авионот би можело да има и до 50 патници повеќе, што на авиокомпаниите би им обезбедило околу 20 отсто повеќе профит, па и картите би чинеле за 40 отсто помалку.
Ваквите седишта веќе беа претставени годинава на ЕКСПО во Хамбург и не им се допаднаа на покрупните корисници.
Идејата за место за стоење во авион е родена уште пред две децении, а гласно е предложена во „Ербас“ пред 15 години. На Мајкл Олириј, шеф на Рајанер, оваа идеја многу му се допаднала па одлучил да вгради 15 реда „вертикални седишта“ и да тргне два тоалети. Меѓутоа, ваквите седишта се уште не се одобрени од Европската агенција за безбедност во сообраќајот, зашто не е решен проблемот со евакуација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.