Вчера во утринските часови во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Кузман Јосифовски-Питу“ додека А.К.(51) од Скопје се качувала од задната врата во автобус на ЈСП со број 35, управуван од З.П.(55) од Скопје, вратата се затворила. А.К. се здобила со тешка телесна повреда која е констатирана во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“.
Се работи на расчистување на случајот.