Злато вредно 150 илјади е запленето денеска на граничниот премин Деве Баир при царинска контрола на автобус пријавен за влез во Македонија од Турција.
При контрола на автобус марка мерцедес управуван од турски државјанин, над задните тркала од подвозјето, во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит, со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу 9 милиони денари или 146.341 евра, соопшти Царинската управа.
Возачот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка.