Во последните неколку години се појавуваат повеќе снимки на холандкски сообраќајни полицајци со полни багажници со играчки.
Главно меѓу играчките, најмногубројни се кадифените мечиња. Причината за тоа е превенција на стресот кај децата.
Полицајците ваквите мечиња им ги подаруваат на децата веднаш по сообраќајната несреќа и на тој начин им го намалуваат стресот и шокот.
Слична практика последните неколку години е воведена и во некои држави на САД , а со играчки се опремуваат сообраќајните полицајци во поголемите градови.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.