Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во тетовското село Челопек, каде автомобил излета од патот и заврши во реката Вардар што минува покрај селото.Според очевидци, автомобилот изгубил контрола на кривина и паднал во реката со неколку луѓе внатре. Веднаш по несреќата жителите ги известиле итните служби.На местото на настанот брзо пристигнале екипи на брза помош и спасување и успеале да ги извлечат сите инволвирани лица од автомобилот.За среќа, според првите информации лицата се здобиле со полесни повреди и се испратени на лекарска помош во Клиничката болница Тетово.Полицијата излегла на местото на настанот и започнала увид.
Пронајдете не на следниве мрежи: