Во вооружен напад врз возило во движење во градот Елбасан, Албанија убиени се три лица. Инцидентот се случил синоќа во 21:15 часот, кога три лица со калашњикови пукале во возилото со италијански регистарски таблички кое претходно го следеле. На лице место е убиен еден турски државјанин, кој во Албанија пристигнал во петокот. Другите две лица, Ендрит Алибеај (34) и Арбен Дилѓери (25) починале на пат кон градската болница. Тие живееле во странство, а во родниот Елбасан дошле за новогодишните празници.
Според албанските медиуми се работи за конфликт меѓу криминални групи кои се занимавале со шверц на дрога, а истата информација преку сооштение ја потврди и полицијата. Во соопштението е наведено дека бројни полициски сили на кои им се приклучиле и припадниците на специјалната единица „Ренеа“ се распоредени во делот од градот каде што се случил инцидентот за побрзо пронаоѓање на сторителите.