петок, 27 ноември 2026
Најново

Во автомобил во движење во Елбасан убиени три лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во вооружен напад врз возило во движење во градот Елбасан, Албанија убиени се три лица. Инцидентот се случил синоќа во 21:15 часот, кога три лица со калашњикови пукале во возилото со италијански регистарски таблички кое претходно го следеле. На лице место е убиен еден турски државјанин, кој во Албанија пристигнал во петокот. Другите две лица, Ендрит Алибеај (34) и Арбен Дилѓери (25) починале на пат кон градската болница. Тие живееле во странство, а во родниот Елбасан дошле за новогодишните празници.
Според албанските медиуми се работи за конфликт меѓу криминални групи кои се занимавале со шверц на дрога, а истата информација преку сооштение ја потврди и полицијата. Во соопштението е наведено дека бројни полициски сили на кои им се приклучиле и припадниците на специјалната единица „Ренеа“ се распоредени во делот од градот каде што се случил инцидентот за побрзо пронаоѓање на сторителите.

Поврзани вести