Во акцијата на МВР уапсени кадри на ВМРО-ДПМНЕ, нотар и бизнисмен

Според истражителите тие сториле незаконски акти при продажба на државно земјиште кое Министерството за транспорт и врски го дало на лица кои не ги исполнувале условите.
Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО – ДПМН, Дејан Митревски актуелен претседател на Општинскиот Комитет во Аеродром, дознава “Слободен печат“. Меѓу уапсените се и вработен во државното правобранителство, петмина вработени во Министерството за транспорт и врски, нотар, вработени во Катастар и еден бизнисмен се апсени утринава од МВР, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Тие се уапсени за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањата и за несовесно работење во службата. Според истражителите тие сториле незаконски акти при продажба на државно земјиште кое Министерството за транспорт и врски го дало на лица кои не ги исполнувале условите.
– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес, известија денес од ОЈО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.