Во Албанија затворени 4.300 кладилници за два дена

Иако изгласан уште пред неколку месеци од вчера во Албанија стапи на сила Законот за забрана на коцкање. За два дена затворени се 4.300 кладилници, а забраната не се однесува само на кафулиња со кладилници, туку и на онлајн кладење и коцкање.
Коцкањето е дозволено само во елитни хотели со пет ѕвездички кои се наоѓаат надвор од урбани средини.
Коцкањето во Албанија беше голем проблем, според статистиката по една кладилница имало на секои 670 жители.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.