На денот на одбележувањето на 10-годишнината од убиството на тинејџер во Атина демонстрантите се судрија со полициските специјалци. Петнаесетгодишниот Алексис Григоропулос пред 10 години беше убиен од полицијата. Демонстрантите со качулки на главите фрлаа камења и запалени факели кон полицијата, која возврати со солзавец.
Според соопштението на полицијата еден од демонстрантите е уапсен, а во центарот на Атина се распоредени 2.500 полицајци и хеликоптер.
Полицаецот кој го уби тинејџерот е осуден на доживотен затвор. Другиот полицаец кој присуствувал на убиството и беше осуден на казна затвор во траење од 10 години, пред неколку години условно е пуштен од затвор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.