Во Африка од КОРОНА можат да умрат 150.000 лица, според СЗО
Дојче веле јави за истражување на СЗО спроведено во Африка предупредува дека од коронавирус можат да се заразат до 231 милиони лица. Истражувањето на СЗО што вклучува моделирање на ширењето на заразата во Африка покажува дека доколку не се преземат „итни мерки” на „црниот континент” може да се заразат над 230 милиони лица, а вирусот од нив да убие и до 150.000 лица.
Истражувањето го калкулирало можното ширење на коронавирусот во 47 африканските држави врз основа на повеќе фактори, некои од нив се густина на населението и воведените ограничувачки мерки. Најголем проблем во Африка се слабите здравствени системи, иако според СЗО доста од државите брзо реагирале и вовеле рестрикции кои помагаат во ублажување на ударот.
Во Африка не е проблем само КОРОНА ВИРУСОТ туку постојат болести како СИДАта, туберкулозата, маларијата како и неисхранетоста, кои се постојано присутни, што дополнително ја усложнува состојбата, се наведува во истражувањето на СЗО.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.