Во Белград вчера се одржа четврти опозициски протест против насилството

Протестите започнаа минатиот месец, откако група насилници го нападнаа и го тепаа опозицискиот политичар Борко Стефановиќ. Протестот кој вчера се одржа во српската престолнина и на кој илјадници граѓани протестираа против претседателот Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија е четврти по ред за еден месец. Демонстрантите мирно маршираа низ центарот на градот и бараа медиумски слободи, запирање на нападите врз новинарите и врз опозициските политичари. На транспарентите кои ги носеа беше напишано „нема да замолчам“, „не сум глупав“ и „зошто се караме со сите соседни земји“.
Во исто време додека се одржуваше протестот претседателот Вучиќ во интервју за провладината телевизија „Студио Б“ рече дека е подготвен да дискутира за барањата на опозицијата, иако претходно додека влегуваше во зградата на телевизијата беше исмеан од група демонстранти.
-Подготвен сум да погледнам што го предизвикува несогласувањето на народот, изјави Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.