Во Битола е направен нов карантин за „тазе“ вратените во Македонија

Со автобуси од Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево беа пренесени патниците кои со летови беа вратени во Македонија.

Се работи за 45 лица, кои ќе бидат сместени во хотел во центарот на градот, во задолжителна 15 дневна изолација.

Општина Битола по овој повод издаде соопштение:

  • Пристигнатите лица, наши сограѓани, се сместуваат во контролирана изолација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори. Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин, бидејќи се под 24 часовен надзор, што не остава можност за непочитување на изолацијата како што се случуваше во изминатите денови во одредени ситуации во државата, вклучително и со еден случај во нашиот град. Никој од нив не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани. Значи, пристигнатите лица се сместуваат во контролирана изолација.

    Сите имаме право да бидеме уплашени, но не да ги напаѓаме оние кои можеби се и недолжни, затоа што сакаат да се вратат дома. Најголем дел од нив се наши деца.

    Нека ги поминат во мир 14-те изолативни денови, а не уште повеќе да им ја отежнуваме состојбата.
    Мора да преовладува разумот, состојбата на човечност, колективност каков што секогаш сме го имале.
    Останете во своите домови со Вашите семејства и оставете на професионалците да си ја завршат својата обврска. Само заедно ќе излеземе посилни од оваа глобална светска криза, која за жа, не не одминува ниту нас.

    Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

     

    Прочитајте уште и ова:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.