При изведување градежни работи на Градскиот стадион во Битола, вчераутро Д.Д.(58) од село Црнобуки, битолско, паднал од скеле на бетонска подлога.
Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а во 19.30 часот починал.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.