Во Битола на инфективна критично, 39 хоспитализирани најголем дел се во тешка состојба
Директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска, денес соопшти дека состојбата на инфективното одделение е критична и реча:
- На инфективното одделение во Клиничката болница во Битола има 39 хоспитализирани лица, а за жал на поголемиот дел од пациентите состојбата им е многу тешка и имаат перманентна кислородна поддршка. Останатите се со средно тешка кон тешка состојба.
За исполнетоста на капацитетите на Инфективното одделение, кое е и регионален ковид центар, Гагачовска додаде:
- Капацитетот се уште не е целосно пополнет има празни места, а доколку се влоши состојбата раководството на болницата има и планови за понатаму.
Докторите и останатиот кадар се преморени:
- Медицинскиот кадар е изморен, работи девет месеци без прекин од појавата на пандемијата. На инфективно не се само инфектолозите, таму с пнеумофтизиолозите, а вклучени се и интернистите. По принципот на ротација поради зголемената бројка вклучене се и медицински сестри од другите одделенија кои ротираат.