Во битолско возило излета од пат, повредени две деца

Вчера во 11:24 часот на патот Вашарејца-Бучин, пред село Трновци, битолско, 28-годишниот А.А. од Прилеп, управувајќи патничко возило “Застава-128“ со скопски регистарски таблички, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со повреди се здобиле две деца на возраст од две и три години, кои биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.