Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Гнатов, денес изјави дека повеќе од 100.000 руски војници се концентрирани на Покровскиот фронт, подготвени за понатамошни напади.
„Непријателот продолжува да собира сили и да се подготвува за понатамошни напади. Над 100.000 руски војници сега се концентрирани таму“, рече тој, според украинскиот портал TSN.
Како што изјави тој, овие обиди траат повеќе од една година, а руските сили, додаде тој, ги поместуваат роковите што ги поставија за освојување на градот.
„Овие рокови ќе продолжат да се поместуваат. Сега ги преместуваат сите расположиви резерви таму и тешко е да се предвиди дали ќе успеат дополнително да ја комплицираат ситуацијата“, рече Гнатов.
Тој додаде дека „и покрај мрачните тврдења дека сè е изгубено“, украинските вооружени сили продолжуваат да извршуваат мисии, „предизвикувајќи му големи загуби на непријателот и забавувајќи го неговото напредување“.
„Работите не се совршени, но ние правиме сѐ што можеме за да ги исполниме задачите поставени од Врховниот командант“, рече началникот на Генералштабот на украинската армија.
The post Во близина на Покровск има 100.000 руски војници, се подготвуваат за напад: Предупредување од украинскиот Генералштаб appeared first on Во Центар.



