Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 327 нови случаи со корона вирус, а шест пациенти починале.
Во Заводот за здравство на Федерацијата БиХ пријавени се 1.002 примероци, од кои 273 се позитивни.
До сега тестирани се вкупно 135.430 примероци, а позитивни биле 14.921 лица. До денеска во Федерацијата оздравеле 10.532 пациенти, а активни се 3.986 случаи.
Пријавени се нови три смртни случаи, со што вкупниот број порасна на 403.
Во Република Српска тестирани се 370 лабораториски примероци, а корона вирус има кај 54 лица.
Пријавени се и три смртни случаи.