Во Босна падна првиот снег

Како што соопшти Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина на Прокошкото Езеро и на планината Влашиќ падна првиот снег оваа година и тоа само еден ден по календарската есен. Формирана е снежна покривка од околу пет сантиметри, а езерото се наоѓа на 1 636 метри надморска височина.
Најстудено во Босна денес беше на Бјелашница, каде температурата се спушти на минус 3 степени под нулата, додека најтопло беше во Требиње, каде што беа измерени 27 степени Целзиусови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.