вторник, 24 ноември 2026
Најново

Во Бразил рекорден број жртви од Ковид-19 во еден ден

epa09038608 A health worker prepares a dose of COVID-19 vaccine during a day of vaccination at a drive-in in Brasilia, Brazil, 26 February 2021. EPA-EFE/Joédson Alves
Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бразил– Во Бразил во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 1.641 лице, што е рекорден број смртни случаи регистрирани во земјата за еден ден, покажуваат податоците на локалното Министерство за здравство.
Претходно, најголемиот број смртни случаи беа забележани на крајот на јули минатата година – 1.595.
Бразил се соочува со нов бран на епидемијата, а здравствениот систем е пред колапс.
Според официјални податоци во Бразил од Ковид-19 досега починаа повеќе од 257.000 луѓе, а земјата е на второто место во светот, по САД, по вкупниот број смртни случаи од коронавирусот.
Околу 10,6 милиони случаи на коронавирус се потврдени од почетокот на пандемијата, а 59.925 лица биле заразени во последните 24 часа

Поврзани вести