Во Бугарија со коронавирусот инфицирани се 67 луѓе

Во Бугарија бројот на инфицирани со новиот коронавирус се искачи на 67 луѓе, што е за пет повеќе од вчера, изјави началникот на бугарскиот Централен оперативен штаб и началник на Воено-медицинската академија, генерал Венцислав Мутафчијски.
Тој наведе дека поради редовите пред продавниците за храна во последните денови ќе му предложи на премиерот Бојко Борисов да воведе дополнителни рестриктивни мерки односно повеќе од двајца возрасни лица да не се собираат на отворено.
Централниот оперативен штаб разгледува и мерки за фирмите кои приготвуваат и доставуваат храна, како и нови мерки за достава на храна со камион. Еден од предлозите е лицата, кои ќе ја растоватаат храната од камионите, ако може да бидат поставени во карантин, како и возачите на камионите. Додека ако возачот е странец има право да ја напушти Бугарија во рок од 12 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.