Во Будимпешта демонстрантите се судрија со полицијата

Големи антивладини протести на кои учествуваа неколку илјади Унгарци имаше синоќа пред Парламентот во Будимпешта по донесувањето на „робовладетелскиот закон” од страна на пратениците од партијата на Виктор Орбан. Со законот значително се зголемува бројот на прекувремени работни часови, што може да ги побара работодавачот од работникот.
Откако поминаа низ центарот на Будимпешта, дел од демонстрантите доцна синоќа се вратија на плоштадот Кошут и покрај повиците да бидат мирни, тие кон специјалците фрлаа со камења, шишиња и димни бомби. Полицијата која ја чуваше зградата на Парламентот за да ги растера употреби солзавец.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.