Во вашето шише за вода се кријат и до 300 илјади опасни бактерии

Додека безгрижно пиете вода од вашето шише, не сте ни свесни дека во телото можеби внесувате илјадници опасни бактерии. Имено, иако вашето шише изгледа чисто, доколку не го миете доволно добро, во него можат да се наталожат микроби кои се невидливи за човечкото око.
Д-р Филип Тиерно, клинички професор по патологија и микробиологија, објаснил дека само темелното перење не е доволно. Бактериите создаваат биофилм на внатрешната страна од шишето за повеќекратна употреба, затоа е потребно силно механичко делување за да се ослободите од него.
Што претставува биофилмот? Тоа е состав од бактерии кои веќе се наоѓаат на вашата уста, остатоци од храна, и претставуваат најголемиот непријател за вашето здравје.

Освен тоа, и бактериите од вашите раце можат да стигнат до вашата уста, а потоа и на шишето. Само сетете се на сè што сте допреле во текот на денот и ќе ви стане јасно дека тие бактерии ги пренесувате на сè што допирате, вклучувајќи го и шишето од кое пиете вода.
Истражувањето кое го спровел “Treadmill Survey” открива дека шишињата вода можат да содржат повеќе од 300 илјади бактерии на еден квадратен центиметар, пренесува порталот “Unilad”. Затоа, доколку не го исчистите вашето шише од кое пиете, сите бактерии ќе завршат во вашето тело.
Затоа, за да избегнете таложење на бактерии, најмалку еднаш неделно мијте го шишето со топла вода, сјај за садови и четка за шише.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.