– Детската претстава „Зимска приказна“, беше премиерно изведена попладнево пред бројна детска публика на големата сцена на Велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Автор на текстот е Катерина Момева, а претставата е во режија на Александар Ивановски.
Во улогите настапија Маја – Сандра Танчева, мајка – Елизабета Стефановска, татко – Ристе Ѓорѓиевски, дадилка – Кристина Зафирова, елка – Елизабета Стефановска, зајак – Филип Христовски, лисица – Кристијан Саздовски, царицата Мижијадам – Весна Димитровска Бобевски, мечка – Кристина Зафирова и Дедо Мраз – Ристе Ѓорѓиевски.
Сценографијата е на Филип Коруновски, автор и изведба на музика Сашко Костов, избор на костими Александар Ивановски, дизајн на светло Марјан Тодоровски и шминка Зорица Цветковска.
„Зимска приказна“ ќе се игра репризно од понеделник до четврток секој ден од 12 и 14 часот, а билетите можат да се набават на касата на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.