четврток, 26 ноември 2026
Најново

Во Венецуела пронајден мртов грчкиот конзул

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според пишувањата на грчките медиуми вчера во хотелска соба во Каракас бил пронајден мртов конзулот на Грција во Венецуела.
Како што јави дописничката на МИА од Атина медиумите во Венецуела пишуваат дека 55-годишниот Ангелос Харитос, веројатно починал од мозочен удар. Министерството за надворешни работи на Грција очекува од венецуелските власти да ги соопштат причините за смртта, но и дека засега не постојат знаци дека станува збор за кривично дело, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Поврзани вести