Во викендите три пункта за преглед на деца со симптоми на морбили ќе работат 24 часа

Како што информираат од Министерството за здравство во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит- пазар“ и „Ѓорче Петров“ ќе имаат дежурни лекари секој работен ден од 19:30 часот до 7:30 наутро, а за викендите ќе работат 24 часа. Причината за носење на оваа е зголемениот број пациенти заболени од морбили. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили.
До сега на Клиниката за детски болести се евидентирани четири деца пациенти и осум заболени вработени кои предходно биле вакцинирани против морбили.
– Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пункта. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар, велат од Министерството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.