Во вториот круг од кипарските претседателски избори влегоа Анастасиадес и Малас

Кандидатот на десницата Никос Ансастасиадес доби најмногу гласови на претседателските избори коишто се одржаа во неделата на Кипар, меѓутоа недоволно за победа и ќе мора во вториот круг да се соочи со кандидатот на комунистите Ставрос Малас.

 На изборите во неделата за претседателската функција на Кипар кому му се заканува банкрот доколку не успее да договори пакет со финансиските институции, Никос Анастасиадес одвои 45,4 отсто од гласовите, додека кандидатот на владејачките комунисти, Ставрос Малас освои 26,9 проценти од гласовите.
Како третопласиран од изборната трка испадна Јоргос Лиликас, кандидат на социјалистите, кој освои 24,9 отсто од гласовите и неговите гласачи најверојатно ќе го решат победникот во вториот круг кој ќе одржи на 24-ти февруари.
Овие претседателските избори на Кипар кој има претседателски систем, се одржуваат во екот на длабоката економска криза и застојот на преговорите за можното обединување на островот поделен од 1974 година на турски и грчки дел.
Никозија од ланскиот јуни преговара со Меѓународниот монетарен фонд, Европската унија и Европската централна банка за изготвување план за спасување на кипарската економија. Се проценува дека се потребни 17 милијарди евра, од кои 10 милијарди евра за заздравување на банките кои се многу изложени на грчкиот долг.
Шеесет ишестгодишниот Анастасиадес, лидерот на најголемата опозициска партија Disy (десница), ја водеше кампањата претставувајќи се себеси како најдобар избор за преговорите со меѓународните финансиски институции околу планот за спасување на Кипар кој подразбира и спроведување големи реформи и остри мерки за штедење.
Од друга страна, кога станува збор за преговорите околу повторното обединување на островот, прагматичниот Анастасиадес беше единствениот кој во 2004 година го поддржа планот на Обединетите нации за обединување, но на референдум го отфрлија кипарските Грци, меѓутоа го поддржаа кипарските Турци. Поради тоа Анастасиадес беше силно критикуван, но сега се надева да постигне согласност со другите политичари околу ова прашање.
И неговиот противкандидат, поранешниот министер за здравство 45-годишнито Малас, исто така е поборник на планот за спасување на Кипар преку преговори со меѓународните финансиски институции и ќе мора напорно да работи да ги придобие гласовите коишто во првиот круг од изборите отидоа на контото на социјалистот Лиликас.
Несомнено е дека и двајцата кандидата ќе се обидат да се договорат со Лиликас, меѓутоа тој во неделата навечер по објавувањето на резултатите од првиот изборен круг не откри кому од двајцата кандидата ќе им го препорача на своите избирачи.
Според кипарската изборна комисија, на изборите излегле 83 отсто од 545-те илјади гласачи, кои претходниот претседател Кристофиас го обвинуваа дека не сакал да ја види кризата и да се соочи со неа.
Од друга страна, и на гласачите им е јасно дека од новиот претседател не може да се очекуваат чуда, за што сведочи изјавата на кипарскиот сметководител Христодулос Кириакидес за AFP „го избрав најдобриот меѓу лошите. Сакам земјата да ја води некој кој ќе стори најмногу за економијата, а не да нé продаде на странците”
Макфакс
Кандидатот на десницата Никос Ансастасиадес доби најмногу гласови на претседателските избори коишто се одржаа во недел

Пронајдете не на следниве мрежи: