За време на посетата на Папата Франциск во вторник од 7 до 16 часот ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција, а превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.
Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, како и дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.
Детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот може да се види на веб страната на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk