Учениците денеска се вратија во училиштата во Вухан, градот каде што за прв пат избувна епидемијата на коронавирус.
Вухан сега, за прв пат по седум месеци, ги отвори сите училишта и градинки. Државните медиуми објавија слики од илјадници студенти кои носат црвени марами и се сликаат пред кинеското знаме по враќањето во клупите, пишува АФП.
Властите ги советуваа учениците да носат заштитни маски и доколку можат, да избегнуваат патување со автобус и воз. Тие исто така објавија дека ќе се префрлат на онлајн модел на настава во случај на појава на нови жаришта.
Пронајдете не на следниве мрежи: