Во Газа досега загинале 31.272 Палестинци, а 73.024 се повредени






Бројот на Палестинци кои загинаа во смртоносната офанзивата на Израел, кој е обвинет за геноцид, врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година, се зголеми на 31.272, соопшти денеска Министерството за здравство на енклавата.

Во соопштението на Министерството се додава дека во нападите се повредени 73.024 лица.

„Најмалку 88 луѓе загинаа, а 135 се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека многумина се уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Според податоците на Министерството, околу 72 отсто од палестинските жртви се жени и деца.

По тужбата за геноцид поднесена на 26 јануари од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Израел мора да се воздржи од какви било дејствија поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцидот.

Нападите сепак продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на помош и натаму е недоволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: