Во Германија досега се обучени околу 8.000 украински војници.
„Очекувам дека до крајот на годината ќе обучиме околу десет илјади војници, во околу 200 модули за обука“, изјави генерал-полковник Андреас Марлоу, командант на мултинационалната единица за обука.
- Почина милијардерот Берни Маркус, беше еден од најбогатите луѓе на светот и поддржувач на Трамп
- Закани за бомби кои и се припишуваат на Русија накратко го попречија гласањето во САД
- Маск ќе ја мине изборната ноќ со Трамп
- Вучиќ пристигна во Нови Сад: Никој нема да се извлече, државата ги презеде сите мерки за да ги казни виновниците за трагедијата
- НЕКОЛКУ ЛИЦА ТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИК СО ШИПКИ!
Таа воена единица се наоѓа во Штраусберг во близина на Берлин и управува со мисијата за обука ЕУМАМ на Европската Унија, почната пред една година. ЕУМАМ обезбедува темелна обука и низа специјализации, како што се оние за медицински лица, снајперисти и тенкисти.
Марлоу рече дека со текот на војната се менува и акцентот на обуката, од одбранбени во офанзивни операции.
Генерал-полковникот рече дека Украинците минуваат низ шестнеделна основна обука, по што следат шест недели специјализација, пренесува ДПА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.