Франкфурт, 20 март 2020 (МИА) – Германската провинција Хесен има намера да донесе десетици здравствени работници од Филипини во обид да се справи со лекувањето на заразени со новиот коронавирус, јави ДПА.
Претседателот на Асоцијацијата на болниците во Хесен, Кристијан Хофтбергер во изјава за агенцијата рече дека добил дозвола да донесе околу 75 странски медицински лица во Германија за потребите на болниците Асклепиј, чиј регионален шеф е тој.
– Знам дека со истиот авион пристигнуваат и медицински сестри за интезивна нега во други две големи болнички синџири, изјави тој. Филипинките ќе бидат во државата и пкрај сегашните строги имиграциски правила.
– Тие ќе слетаат со авион во Франкфурт во следните неколку денови, изјави Хофтбергер.