Во голема акција против трговија со дрога и оружје се уапсени 31 лице во Шпанија

Шпанската полиција уапсила 31 лице во голема акција против трговија со дрога и оружје, објавија денеска медиумите.

Криминалната организација која ја открија имала контакти во Колумбија, Панама и Португалија.

Во акцијата истовремено се запленети 3.800 килограми смола за производство на канабис и 278 килограми кокаин.

Властите заплениле и неколку возила, како и 500.000 евра во готовина.

Според шпанските медиуми, осомничените се уапсени во неколку градови, Хуелва, Севиља, Алхесирас, Гранада и Малага, објави Bfmtv.

Главната цел на организацијата била да шверцува кокаин и канабис од Западна Африка и Латинска Америка по морски и воздушен пат.

Шпанските полициски истражители соработувале со властите на Колумбија, Португалија, Панама, Обединетото Кралство и Европол во операцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.