Во дворот на Конзулатот на Русија во Атина фрлена рачна бомба

Утрово околу 4 часот непознати лица фрлиле рачна бомба во дворот на Конзулатот на Русија во северниот дел на Атина. Според последните информации на кои се повикува грчката новинска агенција АНА-МПА, рачната бомба експлодирала и е предизвикана материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но не е исклучена можноста зад нападот да стои некоја од грчките терористичко- анархистички организации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.