Во десет случаи непотребно се извршени кардиоваскуларни операции или пациентите непотребно биле упатени на операција, утврди Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции.
Министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција информираше дека биле пристигнати преставки за 25 случаи од кои за шест било утврдено дека треба да се испратат до Државниот санитарен и здраствен инспекторат, а од останатите 19 случаи кои биле анализирани кај 10 е утврдено дека непотребно се извршени операции или пациентите биле упатени на операција.
Случајот го обелодени кардиохирургот Сашко Кедев во интервју на Канал 77 по што беше формирана Интерната комисија која по речиси два месеца излезе со првите наоди.



