Во директен судар на цистерна и автомобил кај Кочани, еден загинат и тешко повредени

Во тешка сообраќајна нереќа што се случи вчера околу 18 часот во близина на Кочани, најмалку едно лице загина, а има и тешко повредени. Според првичните сознанија до несреќата дошло на обиколницата кај Кочани, при што директно се судриле патничко возило и камион цистерна. Настраданиот се наоѓал во патничкото возило. Од силата на ударот цистерната излетала и се превретела во нива крај патот. Повредените лица со возила на итна медицинска помош се префрлени во кочанската Општа болница, а интервенираат и пожарникарите.
Увид на местото на сообраќајката извршиле јавен обвинител и сообраќајни полициски екипи. Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.